Корпички од моркови

Корпички од моркови

Комбинацијата од многу различни состојки дава неверојатен вкус!

Состојки:

  • 150 гр моркови
  • 3 јајца
  • прстофат сол
  • 150 гр омекнат путер
  • 150 гр шеќер
  • кора и сок од 1/2 непрскан портокал
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 40 гр мелени бадеми
  • 40 гр мелени ореви
  • 1/2 лажичка цимет во прав
  • прстофат каранфилче во прав
  • 3 прстофата ѓумбир во прав

Состојки за капи:

  • 2 белки
  • 100 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее. Морковите изрендајте ги. Одвојте ги белките од жолчките, додајте сол и разматете ги во цврст снег. Посебно пенасто разматете путер и шеќер, жолчки, кора од портокал и сок. На крај измешајте брашно, прашок за печиво, ореви и бадеми, аромати и моркови. Лесно додајте го и снегот од белки.
  2. На плех за мафини ставете хартиени корпички, наполнете ги со тесто, ставете ги во рерна и печете ги околу 30 минути.
  3. Разматете белки со шеќерен сируп за да добиете снег. Премачкајте ги корпичките и посипете со цимет.

Послужете и уживајте!

 

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text