ЛЕСЕН РУЧЕК: Француски печен компир со прелив

ЛЕСЕН РУЧЕК: Француски печен компир со прелив

Испечете вкусни компири на француски начин…

Состојки:

  • 750 гр млади компири
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Состојки за прелив:

  • 1 чешне лук
  • 70 мл маслиново масло
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици крупно сечкан свеж магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги компирите и исечкајте ги на половина, ако се однесува на помали компирчиња, а доколку имате поголеми пресечете ги на четвртини. Внимавајте да бидат од прилика со иста големина. Печете ги компирите во загреана рерна на 220 степени околу 20-30 минути додека не добијат златна боја.
  2. Додека компирите се печат, направете прелив од сенф, ситно сечакн лук, масло, шеќер и јаболков оцет, така што сè ќе ставите во еден сад и ќе измешате додека не добиете изедначена смеса.
  3. Печените компири ставете ги во сад за сервирање, прелијте ги со преливот, посипете со крупно сечкан свеж магдонос.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт