Превртен колач со праски и ореви

Превртен колач со праски и ореви

Рецепт за брз и лесен колач од праски или кајсии во одлична комбинација со исечкани ореви. Уживајте во уште еден одличен десерт!

Состојки:

  • 4-5 зрели праски
  • 3 јајца
  • 150 гр путер или маргарин
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 14 лажици брашно
  • 2 дл јогурт
  • 150 гр крупно сечкани ореви
  • 3-4 дл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 200 степени, намастете мала тепсија со маргарин, посипете со брашно и по дното ставете 3 лажици шеќер. На тоа ставете исечкани праски па разматете тесто.
  2. Разматете јајца, шеќер, путер, додајте јогурт и масло и повторно кратко разматете, па ставете брашно и прашок за печиво.
  3. Со добро разматената маса прекријте ги праските, секаде еднакво. Печете 30 минути, оставете да се излади, па од горе ставете разматена слатка павлака.
  4. Послужете и уживајте во прекрасниот и вкусен колач!

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text