БРЗ КОЛАЧ СО ОВОШЈЕ! Вкусен и сочен…

БРЗ КОЛАЧ СО ОВОШЈЕ! Вкусен и сочен…

Подгответе вкусен и сочен колач со овошје, во овој случај праски. Освежувачкиот вкус ќе ве маѓепса!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 2 чаши брашно
  • 1/2 чаша масло
  • 1 чаша јогурт
  • 1 полна лажица арома од ванила
  • малку сол
  • 700-800 гр праски
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 100 гр шеќер и 5 лажици вода за прелив

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, јогурт, масло, ванила, малку сол. Печете во намастен плех во загреана рерна на 180 стпени околу 5 минути. Извадете од рерна и наредете исечкано овошје. Вратете во рерна и печете уште 20 минути.
  2. Печениот колач прелијте го со шеќер и вода и вратете го во врелата, исклучена рерна уште 5 минути. Извадете го колачот, прекријте го со крпа и оставете го да се излади. Сечете и послужете, по желба со шлаг или топка сладолед.
  3. Напомена: Сите состојки мерете ги со чаша од 2 дл. Овошјето може да биде и било кое друго, сезонско ило микс (јаболка, крушки, сливи, праски, кајсии, јагоди, малини, вишни…)

 

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)