СЕГЕДИНСКИ ГУЛАШ: Познатото јадење поради кое сите ја сакаат Унгарија!

СЕГЕДИНСКИ ГУЛАШ: Познатото јадење поради кое сите ја сакаат Унгарија!

Традиционалното јадење на кое Унгарците се многу горди е прво на листата на јадења кои ги подготвуваат за своите гости од далеку.

Состојки:

  • 1 пиле од 1,2 кг
  • 500 гр домати
  • 2 моркови
  • 350 гр кромид
  • 200 гр компири
  • мелен црвен бибер
  • копар
  • ким
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечканиот кромид пржете го на загреано масло и додајте моркови исечкани на кругови. Потоа измешајте две лажици црвен бибер и парчиња пилешко месо и оставете да се пржи. Посолете и побиберете по вкус, па налијте литар вода. Оставете да се динста на тивок оган околу половина час.
  2. Потоа додајте ситно сечкан компир, исечкани домати и малку копар. Оставете да се готви уште дваесетина минути, по што гулашот ќе биде готов и подготвен за сервирање.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки