Цезар салата со сланина

Цезар салата со сланина

Ова е една од многубројните варијанти на оваа салата, која од оригиналот се разликува по додадената сланина.

Состојки:

  • 100 гр чадена сланина Пекабеско
  • 2 парчиња тост леб
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 голема главица крцкава зелена салата
  • 100 мл маслиново масло
  • сок од 1 лимон
  • 2 лажици мелени бадеми
  • сол
  • бибер
  • 30 гр пармезан во парче

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте сланина, пропржете ја без додаток на масло и извадете ја на салфета.
  2. Исечкајте го лебот на коцки. Исечкајте и лук. Пропржете го лебот и лукот на маста од сланината. Извадете го лебот на салфети да ги впијат вишокот маснотии.
  3. Измијте ја салатата, исчистете ја и расцепкајте ја.
  4. Разматете маслиново масло со сок од лимон и бадеми. Посолете и побиберете, па со тоа прелијте ја салатата. Пармезанот крупно нарендајте го. Посипете ја салатата со сечкан леб, сланина и пармезан.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство