Подгответе вкусна и хранлива салата, која ќе ве освои со својот вкус!
Состојки:
- 200 гр интегрални тестенини
- 1 конзерва Тимко туна во парчиња
- 150 гр пченка
- 2 струка млад кромид
- 100-150 гр посен мајонез
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете изладени тестенини и пченка. Лесно измешајте. Додајте кромид и туна. Сè измешајте да се изедначи. Посолете и побиберете по вкус.
- На крај додајте мајонез и сè добро соединете. Оставете во фрижидер добро да се излади па послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство