Неодолива, вкусна и брза солена торта од макарони (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Неодолива, вкусна и брза солена торта од макарони (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Се подготвува брзо и едноставно, а има предобар вкус…

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 200 гр обварена блитва
  • 200 гр сирење
  • 3 јајца
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 јогурт
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • масло
  • сол
  • кашкавал
  • 4 чешниња лук
  • 1 голем домат

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечете го на кругови, па додајте моркови сечкани на кругови, потоа пропржете додека не омекнат. Обварете блитва, па исцедете ја и ситно исечкајте ја. Додајте ситно сечкан лук и сол.
  2. Доматот исечете го на кругови. Во зготвените макарони додајте малку масло, зачини и сол. Сирењето издробете го, додајте јајца, павлака, јогурт и сè добро измешајте. Ставете ја смесата во макароните, а еден дел одвојте.
  3. На дното од садот ставете неколку лажици макарони, потоа ставете кромид и морков и повторно макарони, потоа сечкана блитва, па макарони и на крај кругови домат.
  4. Редоследот може да биде по ваша желба. Од горе нанесете го остатокот од филот, изрендајте кашкавал и печете на 220 степени околу 30 минути.
  5. Печените макарони оставете ги да се изладат, превртете ги на даска и сечете.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text