КРЕМАСТО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Зелена супа со сончоглед

КРЕМАСТО ПРЕДЈАДЕЊЕ: Зелена супа со сончоглед

Крем супа од брокули и карфиол варена во млеко ќе ве освои со својата едноставност.

Состојки:

  • 1 кесичка готова супа од брокула и карфиол
  • 2 лажици свежо сечкан босилек
  • 50 гр пињоли
  • 100 мл слатка павлака
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица семки од сончоглед

Начин на подготовка:

  1. Содржината од кесичката ставете ја во мешавина од 600 мл млака вода и ладно млеко. Мешајте додека супата не зоврие.
  2. Гответе на слаб оган 5 минути, непрекинато мешајќи.
  3. Тргнете го садот од оган и измешајте свеж босилек.
  4. Послужете ја супата украсена со слатка павлака и посипена со пропржени пињоли и семки од сончоглед.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text