Следат тешки денови – портокалова фаза, пекол во Македонија

Следат тешки денови – портокалова фаза, пекол во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер.Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 35 до 42 степена.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

До сабота нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса која ќе предизвика сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури в долж Поварадарието и во јужните делови ќе го надминат 40-иот степен.

Во недела посвежа воздушна маса од север ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Дневните температури ќе опаѓаат почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во крајниот југоисточен дел се уште ќе се задржи многу топло. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата која во понеделник и во вторник ќе биде во интервал од 22 до 31 степен. Потоа температурата ќе биде во постојан пораст.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука