По нашите маркети мала тегла песто сос за тестенини можете да најдете по многу високи цени. Ќе го купат само оние кои не знаат дека дупло подобар песто сос можат да направат во домашни услови и тоа за смешни пари.
Состојки:
- веза босилек
- веза магдонос
- 50 гр бадеми
- маслиново масло
- кашкавал
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка морска сол
- шпагети по избор
Начин на подготовка:
- Измијте го и исцедете го босилекот. Одвојте го од петелките и ставете го во блендер. Потоа додајте бадеми и лук, па добро изблендирајте. Додајте маслиново масло, сол и кашкавал па уште блендирајте додека не добиете хомогена паста.
- Жешките и исцедени шпагети прелијте ги со домашен песто сос. Со нив задолжително послужете и домати или шери домати.
- Нека куќата ви замириса на Италија!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство