Највкусниот чоколаден колач се прави за само 15 минути – ЕВЕ РЕЦЕПТ!

Највкусниот чоколаден колач се прави за само 15 минути – ЕВЕ РЕЦЕПТ!

Доколку ви дојдат ненајавени гости, или на вашите домашни им се јаде нешто слатко, овој рецепт е вистинскиот за вас!

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 200 гр густин
  • 1,5 шолји шеќер (околу 300 гр)
  • 5 лажици какао во прав
  • 50 гр путер
  • 3 лажици мед
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • околу 30 парчиња чоколадни кекси

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте густин, шеќер, какао и ванилин шеќер. Млекото подгрејте го да биде млако, ставајте по малку во смесата со густин и матете. Ставете сè да се готви со непрекинато мешање додека не згусне. Во врелата смеса додајте путер и мед и мешајте да се растопат.
  2. Во калап 30 х 10 см, обложен со фолија, ставете ја врелата смеса, оставете 3-4 лажици, ставете кекси. Премачкајте со остатокот од смесата и наредете кекси колку што треба за да се прекрие смесата. Прекријте со фолија и оставете во фрижидер, најдобро преку ноќ. Украсете по желба.

 

Послужете и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта