Сируп од лимон за летно освежување!

Сируп од лимон за летно освежување!

Добро е секогаш во фрижидер да имате леден сируп од лимон – освежувачката лимонада ќе биде спремна за неколку минути!

Состојки:

  • 3 лимони
  • 3 кесички лимонтус
  • 1 кг шеќер
  • 1 л вода

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете вода, лимонтус и шеќер. Измешајте и оставете на страна.
  2. Лимоните добро измијте ги и сомелете ги во машина за месо, потоа додајте ги во садот со останатите состојки. 
  3. Кога шеќерот ќе се растопи процедете и ставете во шише. Чувајте го пијалакот во фрижидер. 
  4. Напомена: Во случај да немате машина за месо, можете лимоните да ги исечете па да ги ставите во блендер и убаво да ги иситнете.

 

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула