Сендвич тост со крушки – лесен доручек (ВИДЕО)

Сендвич тост со крушки – лесен доручек (ВИДЕО)

За доручек или вечера направете едноставни тост сендвичи со вкус на вистински колач. Освен што се прават брзо, лесни се и диетални и така ќе уживате во секој поглед.

Состојки за три сендвичи:

  • 6 тенко исечени интегрални парчиња леб (тост леб)
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици крем сирење (со помалку маснотии)
  • 2 помали крушки (зрели) или јаболка
  • 4 коцки путер

Начин на подготовка:

  1. Едно парче тост намачкајте со мед, друго со крем сирење, ставете 4 кругови тенко исечкана крушка. Преклопете со другиот намачкан тост леб.
  2. На тава ставете коцка путер да се растопи и пржете ги сендвичите додека не станат румени од двете страни и додека крушката не оменкне.
  3. Послужете ги сендвичите додека се топли и на секој ставете коцка путер.
  4. Уживајте во фантастичниот доручек!

 

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text