Крем чорба од тиквици

Крем чорба од тиквици

Подгответе идеално предјадење – вкусна и освежувачка супа од тиквици!

Состојки:

  • 1 л вода
  • 2 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 млади тиквици
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка сув зачин
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • 2 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете масло, ситно сечкан кромид и вода колку да го покрие кромидот (1-2 дл). Динстајте поклопено околу 10 минути, потоа додајте ситно сечкан морков. Посолете и додајте сув зачин. По потреба додајте уште малку вода и гответе додека морковот не омекне.
  2. Кога морковот е на половина зготвен, додајте тиквици исечкани на коцки и околу 8 дл вода (зависи од тоа колку сакате да биде густа чорбата).
  3. Гответе поклопено додека тиквиците не омекнат, а потоа разматете брашно со малку вода, така што нема да останат грутки и додајте го во чорбата. Измешајте и оставете да се готви до саканата густина. Пред крај додајте ситно сечкан свеж магдонос и гответе уште 3-4 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула