Баклава со вишни и плазма

Баклава со вишни и плазма

Уште една многу добра баклава, сочна како и секоја но со посебна комбинација, вишни и плазма кекс.

Состојки:

  • 500 гр тенки кори
  • 800 гр вишни
  • 200 мл кисела павлака
  • 3 јајца
  • 150-200 гр шеќер
  • 2,5 дл масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 150 гр мелен плазма кекс

Состојки за сируп:

  • лимон
  • 300-400 гр шеќер
  • 500 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванила, додајте павлака, прашок за печиво, масло и добро измешајте. 
  2. Намастете тепсија и филувајте ја баклавата. Кора, прелив, кора, прелив, кора, прелив, мелен плазма кекс, кора, прелив… на шесттата кора оди плазма и од горе сите вишни (исчистени)… продолжете со кори, прелив и плазма. 
  3. Наредената баклава исечете ја со остар нож на коцки и оставете ја половина час. 
  4. Печете околу час и половина во загреана рерна на 220 степени. Оставете да се излади. 
  5. Направете сируп, згответе шеќер со вода и лимон околу 20 минути и со врелиот сируп прелијте ја изладената баклава. 
  6. Оставете ја баклавата да отстои еден ден бидејќи така ќе биде најубава.

 

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега