Крем од вишни

Крем од вишни

Спој од сладок крем од јогурт и киселкасто освежувачки вкус од ароматични вишни.

Состојки:

  • 500 гр вишни
  • 1 кесичка желатин во прав
  • 1 лимон
  • 1/2 л јогурт
  • 100 гр шеќер
  • 4 лажици бел рум
  • 300 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги вишните, исчистете ги од петелки и коски. Желатинот подгответе го според упатството. Лимонот добро измијте го и исушете го. Кората истругајте ја, а сокот исцедете го.
  2. Во чинија измешајте јогурт, сок и кора од лимон и шеќер.
  3. Подготвеното овошје со рум ставете го во блендер и испасирајте.
  4. Желатинот подгответе го по упатството и измешајте го во кремот од јогурт. Штом кремот почне да стега, измешајте разматена павлака.
  5. Кремовите од јогурт и вишни оставете ги малку да се изладат, па наизменично ставајте ги во чаши и оставете ги најмалку 60 минути во фрижидер. Десертот украсете го со вишна.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text