Штрудла со риба

Штрудла со риба

Исклучително пикантно и вкусно јадење за сите љубители на риба.

Состојки:

  • 300 гр смрзнат спанаќ во листови
  • 150 гр моркови
  • 150 гр кромид
  • 2 лажици путер
  • 2 јајца
  • 100 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер
  • 250 гр лосос
  • 250 гр риба лист (без коски)
  • 200 гр тесто за штрудла (готов производ) или кори за гибаници
  • 100 гр рендано грејер сирење
  • 100 гр презла
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Одмрзнете го спанаќот. Исечете го морковот на листови, па испржете го со сечкан кромид на путер. Додајте спанаќ, јајца, кисела павлака, сол и бибер. Исечете ја рибата на ленти и зачинете ја.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Развлечете го тестото (или подгответе ги корите за гибаници). Распоредете зеленчук, сирење и презла преку тестото. Додајте риба, па свиткајте. Ставете во намастен плех и премачкајте со жолчка. Печете околу 30 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л