Пита од тиквици – брза и вкусна (ВИДЕО)

Пита од тиквици – брза и вкусна (ВИДЕО)

Ќе ја направите за миг! Многу е вкусна, лесна, евтина и погодна за ручек или вечера.

Состојки:

  • 1 поголема тиквица
  • 1 компир
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 дл јогурт
  • 1 дл масло
  • 1 дл вода
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • 3 јајца
  • 7 полни лажици брашно
  • половина кесичка прашок за печиво
  • 1 веза листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 220 степени.
  2. Изрендајте го зеленчукот и измешајте. Посебно разматете јајца, додајте зачин, бибер, јогурт, масло, брашно, прашок за печиво. Разматете па измешајте со вода и додајте магдонос. Посолете уште ако е потребно.
  3. Намастете и побрашнете тепсија и на дното ставете половина од разматената смеса, преку ставете го изренданиот зеленчук, па прелијте со останатиот прелив.
  4. Избоцкајте ја питата со вилушка и протресете ја тепсијата. Вака подготвена питата ставете ја да се пече во рерна околу час и половина.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт