За време на летните жештини, калориски оброци можеме да јадеме само за доручек.
Нутриционистите препорачуваат обилен и калоричен доручек дури и ако сте на диета. Се смета дека така се забрзува метаболизмот, а телото ги добива потребните витамини и минерали. Значи, гладувањето не е дозволено.
Поради тоа оваа пица од тава е совршен избор за доручек!
Состојки:
- 2 лажици масло
- 1 компир
- 100 гр кашкавал
- кечап
- 100 гр шунка
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Компирот излупете го и исечкајте го на што потенки кругови. Во тава загрејте масло па наредете компири по дното на тавата. Оставете три минути да се пржат во поклопена тава. Потоа додајте кашкавал, кечап и шунка па оставете уште 5 минути. Потоа на пицата излејте едно јајце, посолете и оставете да се пржи уште неколку минути.
- Пицата не треба да ја превртувате, доволно е да се пржи само од една страна. Затоа цело време држете го капакот на тавата.
- Послужете со рендан кашкавал и уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука