ЗА ДОРУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА: Домашно печиво со сирење

ЗА ДОРУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА: Домашно печиво со сирење

За доручек или вечера, најдобрата алтернатива која може да се најде на вашата маса.

Состојки:

  • 1 коцка квасец
  • 1 јогурт
  • 100 мл млеко
  • малку сол
  • 1 лажица шеќер
  • 500-600 гр брашно
  • малку масло
  • 200 гр сирење
  • 3 јајца
  • малку сусам

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во малку млако млеко и додајте шеќер, а кога квасецот ќе се растопи, додајте го остатокот од млекото. Потоа додајте јајце, јогурт, брашно, сол, па замесете средно тврдо тесто.
  2. Оставете го да нарасне. Развлечете го тестото и вадете мали погачици. Одвојте жолчки од белки и секоја погачица премачкајте ја со белки па поклопете со друга погачица и редете во плех да нарасне.
  3. Притиснете ги погачиците во средина и направете вдлабнатини.
  4. Сирењето издробете го, додајте јајце и измешајте. Со таа смеса полнете ги погачиците. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Нараснатите маргарити печете ги на 180 степени околу 25 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text