Полнет модар патлиџан со сусам и сирење: Ручек кој ќе ве освои!

Полнет модар патлиџан со сусам и сирење: Ручек кој ќе ве освои!

Летните денови бараат лесни, но вкусни оброци. Не дозволувајте да гладувате деновиве. Задолжително јадете повеќе оброци дневно, но притоа внимавајте на калориите.

Еве еден совршен ручек со многу малку калории…

Состојки:

  • 2 модри патлиџани со средна големина
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/4 главица кромид
  • 1 шолја ориз или 3 лажици сусам
  • 1 шолја пилешки бујон
  • 200 гр кашкавал
  • 200 гр пасиран домат
  • малку оригано

Начин на подготовка:

  1. Модриот патлиџан преполовете го, издлабете го во средина па половините запечете ги во рерна на 250 степени десетина минути. 
  2. Во тава издинстајте кромид на маслиново масло, потоа додајте ја средината од патлиџанот, пилешкиот бујон, оризот (или сусам). Динстајте десетина минути.
  3. Чамците од печен патлиџан полнете го со направената смеса, па преку ставете рендан кашкавал, па пасиран домат, па кашкавал. Запечете во рерна 15 минути на 200 степени.

 

Добар апетит!

 

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text