Мелено месо со јогурт

Мелено месо со јогурт

Ова е малку поинаква верзија на мусака. Вкусно и сочно јадење!

Состојки:

  • 1 главица сечкан црвен кромид
  • 1 лажица маст
  • 1 кг мелено говедско месо
  • сол
  • бибер
  • 3 јајца
  • малку лута пипер
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 170 гр доматен сок
  • 1 кг компир сечкан на коцки
  • 1 шолја врела вода
  • 1,5 шолји јогурт
  • 2 шолји брашно
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Кромидот испржете го на маст да биде златно-кафеав, додајте месо, зачини, магдонос и доматен сос, па заедно згответе на слаб оган.
  2. Потоа додајте компир и врела вода, па гответе наредните 10 минути.
  3. Сè префрлете во земјен или огноотпорен сад и печете половина час на 190 степени.
  4. Јогуртот, јајцата, брашното и солта добро измешајте ги и прелијте ги преку печеното месо. Вратете во рерна на уште 10 минути да се запече.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки