Македонија во жолта фаза – никако не го јадете ова на горештините, еве на што да пазите

Македонија во жолта фаза – никако не го јадете ова на горештините, еве на што да пазите

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, па затоа почитувајте ги овие препораки, кога станува збор за храната.Јадете лесна храна и внесувајте многу течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната.

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на  краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.  Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната температура ќе се движи од 31 до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.

Избегнувајте термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно консумирајте сладолед и разни кремови.

-Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Белите патики ќе бидат како нови – Еве како едноставно да ги исчистите

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи