БРЗО И ЛЕСНО: Чоколаден кох готов за 15 минути

БРЗО И ЛЕСНО: Чоколаден кох готов за 15 минути

Овој вкусен рецепт можете да го подготвите за многу кратко време!

Состојки за пандишпањ:

  • 8 јајца
  • 9 лажици гриз
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица кака
  • 1 кесичка прашок за печиво

Состојки за прелив:

  • 500 мл млеко
  • 500 мл чоколадно млеко
  • 1 кесичка шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете цврст снег од белки. Во друга чинија разматете жолчки со шеќер, какао и ванилин шеќер. Додајте разматени жолчки во снегот од белки и на крај гриз и прашок за печиво. Лесно измешајте, да се соедини, не со миксер. 
  2. Излејте во плех, намастен и посипен со брашно, печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Млекото загрејте го до вриење, па прелијте го жешкиот кох со врело млеко. Разладете и послужете со шлаг.

 

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта