Едноставна векна од месо

Едноставна векна од месо

Со оваа вкусна векна од мелено месо послужете свежа салата или варен зеленчук.

Состојки:

  • 700 гр јунешко мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 средна главица кромид, ситно сечкана
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја презла
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици сенф
  • 1/3 шолја кечап
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во голем сад измешајте мелено месо, јајце, сечкан кромид, млеко и презла. Посолете и побиберете по вкус, а можете да додадете и повеќе зачини по желба. Добро замесете ја смесата.
  3. Во намастен плех ставете ја смесата обликувана во векна.
  4. Посебно разматете кафеав шеќер, сенф и кечап и прелијте преку векната.
  5. Векната печете ја во загреана рерна околу еден час.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text