Специјалитет од Војводина кој постојано ќе го правите!

Специјалитет од Војводина кој постојано ќе го правите!

Ова јадење е исклучително вкусно и лесно се подготвува!

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 500 гр пире од компири
  • 100 гр ситно сирење
  • 1 главица кромид
  • 100 гр сланина
  • сол

Состојки за прелив:

  • 50 мл неутрална павлака
  • 3 лажици кајмак

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно и сол, па додајте вода и масло. Сè измешајте и замесете тесто, па потоа развлечете го на два милиметри дебелина. Со чаша вадете кругови, а потоа направете го филот. 
  2. Пирето од компири посолете го и измешајте го со ситно сирење, а во тава испржете ситно сечкан кромид и сланина, па додајте ги во пирето. 
  3. Со тој фил полнете ги круговите и составувајте ги на краевите. Готовите прилози обварете ги во солена вода на малку масло, а кога ќе бидат готови прелијте ги со мешавина од кајмак и павлака, па послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта