Салата од брокули со шунка

Салата од брокули со шунка

Медитеранскиот прелив на оваа салата му дава посебен вкус…

Состојки:

  • 800 гр брокули
  • сол
  • 4 лажици балсамико оцет
  • бибер
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици пармезан
  • трапист
  • 125 гр чадена шунка

Начин на подготовка:

  1. Брокулите исчистете ги, измијте ги и одделете ги на цветови. Потоа бланширајте ги околу 5 минути во солена вода. Исцедете ги и измијте ги под млаз студена вода, па повторно исцедете ги.
  2. За дресинг измешајте оцет со малку вода, сол, бибер и маслиново масло. Исчистете лук и изгмечете го. Измешајте го дресингот со лук и изрендан пармезан.
  3. Брокулите ставете ги во чинија за салата, прелијте ги со дресинг и оставете ги малку да отстојат.
  4. Шунката исечете ја на коцки, и додајте ја во салата. Салатата сервирајте ја на чинии и по желба посипете со рендан пармезан или насечкајте трапист на коцки.

 

 

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство