ПИЛЕШКО ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Крцкаво и сочно месо, „обложено“ со пармезан (ВИДЕО)

ПИЛЕШКО ЗА СИТЕ ПРИЛИКИ: Крцкаво и сочно месо, „обложено“ со пармезан (ВИДЕО)

Обидете се да подготвите и да вкусите пилешко на единствен начин!

Рецепти за пилешко месо има многу. Сепак, овој се разликува по начинот на подготовка, а за вкусот ќе се уверете сами.

Состојки:

  • 900 гр пилешки гради
  • 120 гр презла
  • 1 лажичка пипер
  • 1 лажичка лук во прав
  • масло
  • 125 гр брашно
  • сув магдонос
  • 2 јајца
  • 50 гр пармезан
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечете ги на околу 4 см должина и зачинете ги со сол и бибер.
  2. Во голем сад измешајте пармезан, магдонос, пипер, лук и презла.
  3. Пилешкото извалкајте го во брашно и прелијте го разматенин јајца во кои сте додале лажица масло.
  4. Извлакајте го месото во смесата од пармезан и наредете го во плех обложен со хартија за печење.
  5. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 25 минути додека не добие златна боја.

 

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула