Сос од вишни

Сос од вишни

Овој сос може да се комбинира и со слатки и со солени јадења.

Состојки:

  • 400 гр вишни без коски
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 дл масло
  • прстофат сол
  • 2 лажички шеќер

Начин на подготовка:

  1. Вишните (свежи или смрзнати) прелијте ги со вода, додајте им шеќер и гответе ги десетина минути.
  2. На масло пропржете брашно (како за запршка), но треба да остане светло.
  3. Во зготвените вишни, заедно со течноста во која се готвеле, додајте брашно со лесно мешање и посолете по вкус.
  4. Гответе додека сосот не ја добие потребната густина. Ако ви се чини дека е прегуст, додајте вода, а ако е редок, гответе подолго или додајте уште светла запршка.
  5. Овој сос може да се послужи со месо, компири… Можете да го користите и за десерти, но тогаш наместо брашно употребете густин кој ќе го растворите во малку студена вода.

 

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате