Овие шницли со кашкавал идеално се сложуваат со сезонска салата…
Состојки:
- 4 шницли
- 200 гр кашкавал
- сол
- малку масло
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Исчукајте ги шницлите, малку посолете и на секоја ставете рендан кашкавал.
- Свиткајте ги шницлите и прицврстете ги со чепкалки.
- Намастете плех со масло, ставете ги шницлите и печете околу 40 минути во зависност од рерната.
- Послужете со сезонска салата.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо