Овошна целувка без брашно: Пенаст залак како од рајот!

Овошна целувка без брашно: Пенаст залак како од рајот!

Направете ја славната Павлова торта – десерт кој не се заборава!

Состојки за кора:

  • 3 белки
  • 150 гр шеќер во прав
  • 4 лажици прав од боровинки (или мелени смрзнати боровинки)
  • прстофат сол

Состојки за крем:

  • 200-300 гр сладок шлаг
  • прстофат ванила во прав (или екстракт од ванила)
  • 100 гр свежи боровинки

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 100 степени. Разматете белки и полека додајте шеќер и сол и матете 5 до 10 минути додека шеќерот не се растопи и додека не добиете цврст снег, па на крај лесно измешајте го правот од боровници.
  2. Потоа смесата излејте ја на хартија за печење и формирајте круг, односно облик на торта, така што во средината ќе оставите вдлабнатина за крем.
  3. Печете ја тортата 90 до 100 минути, па исклучете ја рерната и отворете ја малку вратата. Кога целосно ќе се излади, пренесете ја внимателно на тацна за сервирање со долг и широк нож. 
  4. За кремот, разматете шлаг со шеќер и ванила, па ставете го во средината на тортата. Украсете со прав од боровинки, свежи боровинки и листови нане.

 

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Senigallia – Хотел, бар и ресторан кој стана уште едно обележје на Скопје

Дохранување на вашето бебе – Прочитајте искуство и совети од родители

Грижете се за здравјето на бебето: Еве што треба да јадат трудниците

ФОТО: Еве како ќе се вика петтото дете на Џејми Оливер

ФОТО: Џејми Оливер е татко за пример

Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Северина држи диета кога е бремена – Еве која