Еве како да зготвите кремаст гриз без грутки

Еве како да зготвите кремаст гриз без грутки

Како и за секој рецепт и за гризот се потребни точни мерки за да биде кремаст, без грутки… следете ги само неколкуте чекори од рецептот и уживајте во овој фин, евтин десерт.

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 10 рамни лажици гриз
  • 2 дл вода или млеко
  • прстофат сол
  • какао, суво грозје, јаткасти плодови (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Ставете го млекото да зоврие, и дури кога ќе зоврие во посебна чинија измешајте гриз, шеќер, ванилин шеќер, вода или млеко. Ставете ја мешавината во зовриеното млеко, брзо мешајќи, намалете ја температурата да не прска и да не загори.
  2. Гответе околу 3 минути и сервирајте во чинии. Послужете додека е топло, а во летните денови можете да го разладите во фрижидер.

 

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта