Свински ребра во пикантен сос

Свински ребра во пикантен сос

Сочно месо во ароматичен сос од мед и лук.

Состојки:

  • 2 кг свински ребра
  • 1/2 шолја мед
  • 3 лажици соја сос
  • 1/4 шолја алкохолен оцет
  • 2 чешниња лук, изгмечен
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Исечете ги ребрата на парчиња по желба. Во сад измешајте мед, соја сос, оцет, лук и шеќер. Добро измешајте додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте сода бикарбона. Во смесата ќе почнат да се појавуваат меурчиња.
  3. Парчињата ребра ставете ги во садот со смесата и измешајте.
  4. На плех за печење ставете алуминиумска фолија, па на неа наредете парчиња месо, но така да страната на која е месото да биде горе. Прелијте со останатиот сос.
  5. Печете околу еден час во загреана рерна, вртејќи го месото на секои 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л