ВКУСНО И ЗДРАВО: Салата со смокви – ја подигнува концентрацијата и енергијата

ВКУСНО И ЗДРАВО: Салата со смокви – ја подигнува концентрацијата и енергијата

Смоквите, освен што се добри за вашето здравје, имаат и само 74 калории на 100 грама, секако, ако станува збор за свежи смокви.

Од друга страна, сушените имаат многу повеќе калории, дури 249 на 100 грама, па ако водите сметка на тоа, ова би требало да го знаете.

Смоквите се богати со антиоксиданси, витамини, влакна и минерали и поради тоа се добри во борбата против многу болести, односно ви гарантираат здравје. Исто така, го намалуваат нивото на шеќерот во крвта и се одлични во контролата на нивото на глукоза, а стручњаците често ги препорачуваат кога ќе почувствуваме пад на енергијата или концентрацијата.

Но, ако не сте љубител на ова здраво овошје, можеби ќе ве заинтересира овој рецепт, а се работи за брза салата со смокви која е идеална за на лето.

Состојки:

  • 25 гр рукола
  • 2 смокви
  • моцарела
  • неколку листови свеж босилек
  • 15 мл лимонов сок
  • 25 мл маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Руколата добро измијте ја и ставете ја на чинија, а потоа исечете смокви и моцарела по желба и додајте ги на руколата, како и листовите босилек. 
  2. Сокот од лимон измешајте го со маслиново масло и прелијте ги сите состојки, а на крај додајте малку сол и бибер.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text