Ледената торта е многу прилагодлива па за неа можете да користите сладолед од чоколадо, јагоди или било кој друг за вас драг вкус…
Тортата се подготвува за само 15 минути, а воопшто не ви е потребна рерна!
Состојки:
- 250 гр бисквити
- 3 лажици растопен путер
- 1,5 л благо растопен сладолед
Начин на подготовка:
- Бисквитите изблендирајте ги и обработете ги до фини трошки. Додајте путер и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Мешавината излејте ја во сад со димензии од околу 22 см со дно кое може да се отстрани. Прицврстете го кексот со сад или чаша. На кората наредете неколку цели бисквити.
- На кексот излејте сладолед и нежно распоредете го по целата површина. Тортата оставете ја во замрзнувач најмалку 4 часа, односно додека не стане цврста.
- Извадете ја тортата од лимот, сервирајте и уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега