Ручек за вистинските гурмани: Рамстек во сос од печурки!

Ручек за вистинските гурмани: Рамстек во сос од печурки!

Задолжително направете го ова јадење, сите ќе бидат воодушевени!

Состојки:

  • 800 гр рамстек
  • 250 гр шампињони
  • 50 мл павлака за готвење
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл масло
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Исечениот рамстек посолете го, побиберете го и оставете го да отстои половина час. Ситно исечкајте лук и кратко пропржете го на загреано масло, додајте го подготвеното месо и пропржете додека не порумени од двете страни.
  2. Готовото месо оставете го на топло место, а во истото масло спуштете ги шампињоните исечени на листови и динстајте да испари течноста. Ставете павлака и оставете да зоврие, посолете, побиберете, додајте сечкан магдонос и послужете со пржен рамстек.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука