Шварцвалд торта од палачинки и вишни: Нема ништо подобро од ОВА!

Шварцвалд торта од палачинки и вишни: Нема ништо подобро од ОВА!

Летото не може да се замисли без овој десерт…

За сите љубители на шварцвалд торта, брзо и едноставно до омилениот десерт: неодоливи шварцвалд палачинки кои ќе ве освојат.

Состојки:

  • 150 гр брашно
  • 30 гр какао
  • 2 јајца
  • 80 гр шеќер
  • 150-200 мл мелко
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 3-4 лажички ликер од вишни
  • малку сол
  • вишни од ракија или компот (згответе ги во неколку лажици ликер)
  • 200 мл павлака за шлаг
  • 100-150 гр чоколадо за готвење
  • масло и путер за пржење

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките и жолчките. Белките разматете ги во цврст снег и постепено додавајте шеќер и една по една жолчка. Просејте брашно, какао и прашок за печиво, сè измешајте во смеса малку погуста од онаа за обични палачинки. 
  2. Растопете малку путер и масло и премачкајте ја тавата за палачинки. Во средина на тавата излејте 1 голема лажица од смесата или повеќе ако сакате поголеми палачинки. Печете на слаб оган да не загорат (само по 1 минута од секоја страна). 
  3. Со миксер разматете павлака. Растопете чоколадо со малку павлака или млеко. Додајте парче путер и наредете ги палачинките како мали тортици. Наполнете ги со шлаг и вишни, а бисквитот натопете го со ликер и прелијте го со доста течно чоколадо.

 

Уживајте!

singlepost_text