Ќофтиња од тиквици

Ќофтиња од тиквици

Овие пикантни ќофтиња послужете ги со тестенини…

Состојки:

  • 700 гр мелено јунешко месо
  • 1 тиквица со средна големина, изрендана
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја презла
  • зачин по желба
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1/2 шолја доматен сос
  • тестенини по желба
  • сос за тестенини

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во поголем сад измешајте месо, тиквици, јајце, презла и зачини. Од добро измешаната смеса обликувајте ќофтиња.
  2. Ќофтињата наредете ги во намастен плех или огноотпорен сад и на еское ставете по малку доматен сос.
  3. Печете ги ќофтињата во загреана рерна околу 25-30 минути.
  4. Тестенините згответе ги по упатството на пакувањето. Подгответе и сос за тестенините.
  5. Сервирајте тестенини, прелијте со сос и преку ставете ќофтиња.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте