БРЗО И ЛЕСНО: Домашен овошен сладолед

БРЗО И ЛЕСНО: Домашен овошен сладолед

Уживајте во врвниот вкус на здраво освежување…

Семејниот десерет со совршен вкус се подготвува едноставно и со љубов.

Состојки:

  • 1 л млеко или 500 мл кондензирано млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 150 гр јагоди
  • 2 банани
  • сок од лимон
  • 100 гр чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр слатка павлака
  • 5 жолчки
  • 200 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Ставете го млекото да зоврие. Додајте обичен и ванилин шеќер. Жолчките изматете ги со малку млеко, тргнете го млекото од шпорет и згответе ги жолчките. Вратете на шпорет да зоврие и непрекинато мешајте.
  2. Кога жолчките ќе зовријат гответе уште 2 минути, тргнете ги од шпорет и добро изладете ги. Разматете слатка павлака со миксер како и шлаг. Јагодите изблендирајте ги, како и бананите, а чоколадото растопете го.
  3. И изладените жолчки додајте ги во разматената слатка павлака и шлаг, поделете во 4 чинии. Во една додајте јагоди, во друга банани, во трета чоколадо и во четвртата сок од половина лимон. Сè посебно изедначете со миксер.
  4. Сладоледот е готов. Оставете го да смрзне 3-4 часа, па вадете топки или чаши…

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)