Гурманите со уживање гледаат на ова фантастично јадење…
Вкусни млади компирчиња со печурки, кашкавал и сланина се наш предлог за калоричен оброк.
Состојки:
- 1 кг млади компири
- 1 лажица мешавина од зачини
- 100 гр кашкавал
- 300 гр свежи шампињони
- 50 гр димена сланина Пекабеско
- 3 чешниња лук
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги шампињоните на парчиња и пржете ги во тенџере на загреано масло. Додајте сланина исечкана на коцки, мешавина од зачини, поклопете го тенџерето и оставете шампињоните да се динстаат околу 3 минути.
- Потоа додајте исчистени млади компири, изгмечени чешниња лук, посолете, побиберете и измешајте.
- После 40 минути тргнете го тенџерето од оган, додајте ситно рендан кашкавал и измешајте. Содржината од тенџерето префрлете ја во длабока чинија за сервирање.
- Јадењето можете да го украсите со гранчиња магдонос или рукола.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт