Јагнешки гулаш

Јагнешки гулаш

Јадење за вистински гурмани…

Состојки:

  • 1 кг јагнешко месо од бут
  • 1/2 дл масло
  • 100 гр кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 400 гр сечкани домати
  • 3 лажици густин
  • 1 веза магдонос
  • 1 лажица слатка пипер

Начин на подготовка:

  1. На масло испржете го јагнешкото сечкано на коцки, додајте сечкан кромид и пиперка исто така сечкана на коцки, па сè заедно пржете околу 5 минути.
  2. Додајте пипер, сечкан домат и сè заедно динстајте поливајќи со вода на умерена температура.
    Кога месото ќе омекне, измешајте густин кој сте го разматиле со малку вода и залијте со 3 дл вода за гулашот да ја добие потребната густина. Уште малку гответе.
  3. Готовиот гулаш посипете го со сечкан магдонос. Јадењето послужете го топло, со варен или печен компир.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки