Џем од јагоди без шеќер и готвење: Толку сладок, свеж и здрав…

Џем од јагоди без шеќер и готвење: Толку сладок, свеж и здрав…

Засукајте ги ракавите и направете го највкусниот џем кој некогаш сте го пробале!

Сезоната на јагоди започна, и млади и стари се засладуваат со омилениот црвен плод, а ние ви откриваме уште еден начин да уживате во ова овошје – домашен џем од јагоди!

Не се готви, па е омилен поради брзата подготовка, а бидејќи не содржи шеќер, конзерванс и адитиви, идеален е и за деца!

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и исчистете ги јагодите. Изблендирајте ги, па измерете колку пире сте добиле. 
  2. На секоја шолја пире од јагоди додајте по половина шолја вода, 2 лажици свежо исцеден сок од лимон, половина до 1 лажичка екстракт од стевија, потоа половина до 1 лажичка прав од псилиум (наведените состојки ќе ги најдете во продавниците за здрава храна). 
  3. Правот од псилиум додајте го последен, добро измешајте па смесата брзо ставете ја во стерилни мали тегли. Добро затворете и оставете ги преку ноќ во фрижидер пред консумирање. 
  4. Бидејќи овој џем не се готви, треба да го чувате во фрижидер. Исто така, препорачливо е да подготвите мала количина. Ако сакате да го чувате подолго време, ставете го во мали пластични садови и чувајте го во замрзнувач, па одмрзнувајте дел по дел.

 

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед