КРЦКАВИ И ВКУСНИ: Топчиња со сирење

КРЦКАВИ И ВКУСНИ: Топчиња со сирење

Овие вкусни топчиња послужете ги со омилениот сос и уживајте во феноменалниот вкус.

Состојки:

  • 500 гр тврдо сирење
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 100 гр брашно
  • 1/2 лажичка оригано
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

  1. За почеток изрендајте тврдо сирење (трапист), додајте пармезан, јајца и добро измешајте.
  2. Во добиената смеса додајте брашно и оригано. Замесете густо тесто.
  3. Од тестото формирајте топчиња (околу 40, зависно од големината).
  4. Извалкајте ги топчињата во презла и пржете ги на масло додека не поруменат.
  5. Ставете ги на хартиени салфети да ја впијат маснотијата и уживајте во фантастичниот вкус.

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л