Кога ќе посакате да се засладите…
Убавите и вкусни принцес крофни се сон на многу домаќинки. Со овој рецепт успехот е загарантиран!
Состојки:
- 150 мл вода
- 150 мл масло
- малку сол
- 200 гр брашно
- 6 јајца
Состојки за фил:
- 100 гр густин
- 100 гр пудинг од ванила
- 1 чаша вода
- 1 л млеко
- 400 гр лажици шеќер
- 1 маргарин
Начин на подготовка:
- Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат и во тоа ставете 200 гр брашно и мешајте нон-стоп. Кога ќе се излади додајте 6 јајца, едно по едно.
- Намастете плех со масло и со шприц формирајте крофни (околу 20 парчиња) и печете.
- Густинот и пудингот разредете ги со чаша вода. Згответе 1 л млеко со 400 гр шеќер и ставете го пудингот кога ќе се излади. Измешајте со 1 разматен маргарин. Со тој измешан фил полнете ги крофните со шприц.
- Печете ги на 250 степени 15 минути, а потоа намалете ја температурата и печете уште 15 минути.
Уживајте!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк
Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат