Брза пита со месо за мрзливи домаќинки

Брза пита со месо за мрзливи домаќинки

Се прави брзо, а е толку вкусна што ќе ја правите постојано!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 4 шолји брашно
  • 1 шолја масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1/2 лажичка оригано
  • сол
  • бибер
  • 2 јајца за прелив
  • 1 чаша кисела павлака за прелив

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете ситно сечкан кромид. Додајте мелено месо и зачини.
  2. За тестото разматете јајца, па додајте јогурт и масло. Потоа измешајте го брашното со прашок за печиво и додајте лажичка сол. Сè соединете и ставете во тепсија.
  3. Нанесете фил од месо и на крај преливот (измешајте разматени јајца и павлака) убаво распоредете го преку месото. Ставете во рерна загреана на 220 степени и печете околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?