Повторно невреме – еве до кога ќе има дожд и грмежи

Повторно невреме – еве до кога ќе има дожд и грмежи

Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 18, а максималната од 24 до 29 степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 14 степени, а максималната до 29 степени.

И во првите денови од наредната недела во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, која ќе биде повеќе локализирана.

В понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на места нестабилно, со локален дожд и грмежи, особено во северозападните предели. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15, а максималните од 25 до 32 степени.

Времето во вторник и среда ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде од 8 до 17, а максималната од 25 до 33 степени.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса