Страчатела сладолед со кафе

Страчатела сладолед со кафе

Фантастичен вкус на леден десерт инспириран од кафе…

Состојки:

  • 1,5 шолја слатка павлака
  • 1 шолја полномасно млеко
  • прстофат сол
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/2 стапче ванила (поделено по должина), или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 големи жолчки
  • 2 кесички инстант еспресо прав
  • 80 гр црно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Измешајте слатка павлака, млеко, сол и 1/4 шолја шеќер во средно длабоко тенџере. Додајте ванила.
  2. Оставете смесата добро да се загрее (не да зоврие), и мешајте додека не се растопи шеќерот па тргнете од оган.
  3. Ако користевте стапче ванила, поклопете го тенџерето и оставете го да отстои 30 минути.
  4. Разматете жолчки и останатата 1/4 шолја шеќер.
  5. Постепено матете ја топлата кремаста мешавина, а потоа разматете ги жолчките со преостанатата крем смеса.
  6. Гответе ја смесата на средно тивок оган, мешајќи непрекинато со дрвена лажица, 2-3 минути.
  7. Префрлете го кремот во чинија.
  8. Додајте еспресо прав да се раствори. Оставете да се излади, повремено мешајќи.
  9. Кога кремот ќе се излади, постепено додајте чоколадо и мешајте.
  10. Ставете во замрзнувач, па послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text