Пилешко со цимет

Пилешко со цимет

Циметот има специфичен вкус и е еден од најароматичните зачини. Најчесто се употребува во колачи, но се става и во солени јадење.

Во продолжение ви донесуваме рецепт за пилешко месо подготвено со цимет.

Состојки:

  • 6 пилешки батаци (вака може да се подготви било кој дел од пилето)
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на коцки па посипете го со цимет. Исцедете сок од лимон па прелијте. Изрендајте ја кората, посолете, побиберете, изрендајте половина мускатно оревче. Додајте малку масло, добро измешајте па оставете го во фрижидер преку ноќ.
  2. Испржете го месото на масло или замотајте го во алуминиумска фолија па печете во рерна. Со ова ароматично пилешко одлично оди и компир пире, помфрит, варен зеленчук, разни видови салати.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула