Ражничи со ќофтиња и пиперка

Ражничи со ќофтиња и пиперка

Сочното месо одлично оди со печена пиперка…

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 мала тиквица
  • 750 гр мелено јунешко
  • 1/2 лажичка чили во прав
  • 1 јајце
  • 4 лажици презла
  • 1 лажица ајвар
  • сол
  • бибер
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Кромидот, лукот и тиквицата исечкајте ги на коцки и измешајте ги со месо, чили, јајце, ајвар и презла. Смесата посолете ја и побиберете ја, па од неа обликувајте ќофтиња.
  2. Пиперките исечете ги на коцки со големина од 2 см. Набодете ги на стапчиња наизменично со ќофтињата, премачкајте ги со масло и печете ги 6-8 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте